Пејачката Тамара Тодевска преку „Инстаграм“ порача „Ќе нè барате за гратиси“, веројатно како реакција на забраната за свирки и настапи во живо за музичарите, како мерка од Министерството за здравство во борбата против коронавирусот.

На вчерашната прес-конференција министерот Венко Филипче побара разбирање и поддршка од музичарите.

Мислам дека оваа криза, ова менаџирање на криза подразбира сите да имаат разбирање и апсолутно ги сфаќам дел од граѓаните или групите на кои што овие рестрикции навистина им оставија лоша трага во нивното функционирање, работење во целокупниот работен процес. Меѓутоа во исто време морам да потенцирам дека сега дефинитивно не е време за никакво попуштање на рестрикциите. Искрено се надевам дека ќе го разберат ова зошто беше донесена таа рестрикција во делот на настаните со музика уште на почетокот на кризата, поради тоа што тоа беше едно од местата, беше детектирано и во епидемиолошките анкети дека со музика, со зголемување на концентрацијата на луѓе на помал простор во рамките на објектите, трансмисијата на вирусот е поголема. Сега ние сме во ситуација кога очекуваме сегашните дополнителни рестриктивни мерки, тоа е рестрикцијата за движење после 22 часот да даде уште дополнителни позитивни резултати во смисла на контрола на епидемијата и тоа да се случи некаде на крајот на оваа недела или почеток на следната. Значи воопшто не размислуваме да има некакво попуштање на рестриктивните мерки, напротив би имало дури и затегнување на мерките некаде на почетокот на следната недела доколку ова не ги даде очекувани резултати. Секаде во државата, некаде повеќе, некаде помалку во различни региони и сега онаа флуктација што ја споменав претходно, практично значи зголемување на инциденцата и трансмисијата на вирусот. Две работи сметаме дека се причина за ова, прво непочитувањето на мерките и второ соевите на вирус кои полесно се пренесуваат. Така што очекувам поддршка и разбирање на сите наши чекори и мерки за заштита, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.