Европските фестивалски награди, најзначајното фестивалско натпреварување на планетата вчера ги објави финалистите за годинава. Преку 350.000 фестивалски фанови ширум светот гласаа за своите фаворити, а годинава Таксират е повторно меѓу првите десет во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best Indoor Festival). Овој избор е организиран од страна на Европски награди за фестивали (European Festival Awards).

Заедно со Таксират во најдобри 10 се и фестивалите: Blues in Hell (Норвешка), FOCUS Wales (Велс), Hamburg Metal Dayz (Германија), Let it Roll Winter (Чешка), MENT Ljubljana (Словенија), Mithra Jazz à Liège (Белгија), Prognosis Festival (Холандија), Reeperbahn Festival (Германија) и Sudwave – Festival & Convention (Италија). Наградите ќе бидат доделени на свечената церемонија во Гронинген, Холандија на 15-ти јануари која се одржува во рамки на Eurosonic Noorderslag конференција.

Годинава Таксират се одржа од 28-ми ноември до 8-ми декември и за време на 8-те фестивалски дена, настапија над 70 музички групи од 20 земји од светот и повеќе од 15 000 посетители. Наредниот Таксират 22 се планира да биде најамбициозно издание досега. Повеќе информации на 15-ти јануари од изборот за најдобар европски фестивал во Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.