Хрватскиот „Си Стар“ (Sea Star) фестивал во своето најмоќно издание досега, годинава ќе ги претстави пред публиката своите адути во неколку бранови, во наредните недели, додека денеска ја претставува програмата предводена од две гигантски имиња од светската електронска сцена!

Својот настап во лагуната Стела Марис во Умаг, го потрвди човекот кој ја создаде музичката историја, трикратен добитник на наградата за најдобар светски ди-џеј, еден од татковците на техно движењето, големиот и неповторлив Свен Ват, а со него доаѓа апсолутната предводничка на современиот електронски звук, харизматичната и уникатна Нина Кравиц!

Додека Папа Свен, како што го нарекуваат сите фанови и почитувачи, е некој кој стои како симбол на европскиот денс звук и некрунисан крал на Ибица чии „Cocoon“ забави ги следиме рекордни 20 сезони, актуелниот момент никој не го дефинира подобро од Нина Кравиц, веројатно една од најбараните ди-џејки на денешницата и главен хедлајнер на најголемите светски музички фестивали.

Нина претходните две години го одбележа и ЕГЗИТ фестивал, настапувајќи во најпрестижната временска секвенца за затворање на легендарната Денс Арена за време на која десетици илјади луѓе не дозволуваа таа да се симне од сцената, извикувајќи го нејзиното име. Атмосфера како на стадионските рок концерти, која дотогаш не беше евидентирана во електронската музика!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.