Калифирниски Суд ја отфрли тужбата против музичкиот бенд „Нирвана“, поднесена oд Спенсер Елден, кој бил фотографиран гол како бебе за нивниот албум „Nevermind“.

Елден лани ја тужеше рок-групата за сексуална експлоатација, оти сликата, наводно, претставува сексуална злоупотреба на дете.

„Нирвана“ минатиот месец побара случајот да биде отфрлен бидејќи, како што велат, неговите аргументи немаат вредност.

Аргументот на одбраната е дека Елден ја повторил сцената неколкупати заради пари, а и дека го истетовирал името на албумот на градите, па „ја искористил оваа слава и за да флертува со жени“.

Адвокатскиот тим на Елден имаше рок до 30 декември да одговори на барањето на Нирвана. Одговор немаше, па судот го отфрли случајот, со можност за нова тужба во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.