Humans of New York е популарна страница на социјалните мрежи која објавува интервјуа со луѓе од Њујорк, споделувајќи ги нивните животни приказни како и фотографии и снимки од нивното секојдневие. Таму неодамна беше објавена приказна за еден њујоршки полицаец кој сакал уметност. Објавата ја постирала неговата поќерка, која напиша:

Порано работел во дуќан за возила, цртал реклами и боел странични врати на комбиња со воздушна четка. Мислам дека сонуваше да биде уметник. Но, му требаше некоја постабилна работа. Откако реши да се ожени со мајка ми, стана полицаец. Дури и откако ѝ се придружи на полицијата „тој никогаш не го изгуби допирот со својата креативна страна.“ Тој имаше мало уметничко студио во нашата куќа и наслика портрет на Стинг што го ископира од кавер на албум. Беше зафатен со работа и никогаш не го користеше студиото. Секогаш велеше: Кога ќе се пензионирам ќе ѝ се вратам на уметноста, Но, тоа време никогаш не дојде. Работеше како полицаец 20 години, но заболе од мултиплекс склероза.

Во текот на последните денови на очувот, поќерката ги прередувала неговите работи и наишла на „Стинг“.

Ја извлеков сликата од стара кутија и го прашав: Што да правам со ова? Тој веднаш одговори: Дај му ја на Стинг! Сите почнавме да се смееме. Но тато стана многу сериозен. Погледна право во мене и рече: Дај му го ова на Стинг. Претпоставувам дека тоа е мојата последна задача.

Она што можеби се чинело како смешна идеја во моментот, сега се остварува, благодарение на неочекуван пресврт. Ќерката на Стинг, актерката Мики Самнер, го видела постот и стапила во контакт со авторот на објавата. Потоа двете направиле план. Сега, рок легендата конечно го има скапоценото дело на полицаецот. Неговата желба е исполнета, сликата е таму каде што треба да биде.

 

View this post on Instagram

 

The power of the internet. (For context: @sumnermickey is Sting’s daughter.) #CommentsByCelebs

A post shared by Comments By Celebs (@commentsbycelebs) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.