Познатиот британски пејач Стинг (67) го откажал синоќешниот концерт во Белгија поради здравствени причини.

Со огромно жалење Ви соопштуваме дека настапот на Стинг на Џез фестивалот во Гент, Белгија, е откажан по препорака на лекарите. Повеќе информации за рефундирање на средствата за влезниците ќе следат наскоро, се вели во објава на официјалната Твитер страница на пејачот.

Засега нема детали околу тоа за какви здравствени проблеми станува збор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.