Стефан Величковски активно работи на нов авторски материјал. Тој веќе ја снимил својата нова песна со наслов „Остани со мене“ на која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов (музика), Ванчо Тарабунов (текст) и Драган Ристовски (аранжман), а за истата деновиве ќе се снима и видеозапис.

Големиот број на настапи, а до пред месец дена и учеството во „Ѕвездите на Гранд“ не ми оставаа слободно време за да се посветам на авторска музика и видеозаписи, па сега мислам е вистинско време за тоа. Новата песна заедно со видеозапис ќе ја објавам на 14-ти февруари, на Денот на виното и љубовта, најавува Величковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.