Популарното дуо Next Time и Магдалена Цветкоска ќе настапат заедно со Влатко Лозаноски на големиот концерт на 23-ти март во ВИП арената, како специјални гости. Ова денеска на конференција за новинарите го соопшти Лозаноски кој истакна дека едвај чека да дојде денот на концертот и многу е возбуден бидејќи картите се продавале со голема брзина.

Браќата Стефан и Мартин се со години на македонската музичка сцена и во последно време со нивните песни достигнаа милионски прегледи на Јутјуб со препевите на традиционалните песни “Ја излези Ѓурѓо” и “Слушам кај шумат шумите”, за сега конечно да настапат во живо и тоа со нивниот долгогодишен колега и пријател Лозано, на голема и спектакуларна сцена.

На сцената Влатко рече дека ќе настапи во дуети со магдалена и со Стефан и Мартин, но не откри кои песни ќе ги изведат. Нема сомнеж дека Лозано со своите хитови кои ги знаат и пеат и млади и стари, ќе ја наполни целата сала, а потоа уште толку повеќе ќе се зборува и пишува за вечерта која ќе биде круна на неговата долгогодишна кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.