Српската група Хурикејн е овогодинешната претставничка за избор за песна на Евровизија. Тие ќе настапат вечерва, но претходно се појавија на техничка проба на сцената во Ротердам. Облечени во костими со чипка и фризури во локни го привлекоа сето внимание.

Нивните креации изгледаат сценски – креативни, но не на сите им се допадна нивниот стајлинг.

Имено, на Твитер се појавија негативни коментари за нивната комбинација, меѓу кои и оној дека со нивниот стајлинг потсетуваат на бугарски матурантки.

„Хурикејн“ реагираше и овие критики. Во интервју за курир.рс тие истакнаа дека не ги интеренсираат негативните коментари бидејќи секојдневно добиваат над илјада позитивни коментари.

„Што се однесува до нашите креации, ги правеше Борис Карготиќ. Ние сме презадоволни како изгледаат, ни го подоги вкусот. Драго ми е што им се допаѓа и на публиката бидејќи има многу позитивни коментари“, велат девојките не обрнувајќи внимание на негативните коментари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.