Момчето од Велес за кое многумина предвидуваат балканска кариера, Давид Михајлов ја објави својата трета песна. Таа носи наслов „Мој свет“, а како и за претходните две нумери: „Злато моје“ и „Моја мала“, Давид довербата и овој пат му ја довери на Темелко Андреев кој се потпишува како комплетен автор.

И за новата песна, Давид сними видеоспот кој е во режија на одличниот Владислав Гавриловски.

Трета негова песна и повторно на српски јазик, но Давид ветува дека следната на која веќе се работи ќе биде на мајчин јазик.

Навистина вложивме доста труд во овој проект за да го добиеме тоа што го замисливме со мојата екипа. Нема да бидам скромен и ќе кажам дека се надминавме и поради тоа сум премногу благодарен на Темелко. Реакциите кои веќе ги добивам за новата песна се повеќе од одлични и ме мотивираат да продолжам да создавам нови песни. Инаку да, новата песна на која веќе се работи ќе биде на македонски јазик, вели младиот Давид.

Тој вели дека му одговааат споредбите со српската ѕвезда, но сепак двајцата имаат различни стилови.

Ми одговараат споредбите со Раста, но јас ова што го правам е поразлично од неговата музика и целта ми е да оставам свој печат, ни изјави Михајлов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.