Втората полуфинална вечер на Евровизија ги донесе и следните 10 финалисти.

Влез во финалето од втората полуфинална вечер обезбедија, Албанија, Србија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција и Финска.

Дента пред самиот настап, еден од членовите на претставници на Исланд беше тестиран позитивен на корона и поради ригорозните правила на годинашната Евровизија, целиот бенд замина во изолација, а беше пуштена нивната изведба од пробата од 13 мај. Снимката од пробата исто ќе се емитува во финалето.

По завршувањетои на гласањето, беа претставени и песните на земјите учеснички кои автоматски секоја година настапуваат во финалето, Франција, Англија, Шпанија, Италија, Германија како и Холандија како победник од пред две години.

Публиката годинава беше подложена на ригорозни мерки за заштита од корона вирусот, сите беа тестирани 36 часа претходно како и самите учесници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.