На нешто повеќе од еден месец до почетокот на изборот на песна на Евровизија, обложувалниците на големо примаат обложувања за тоа која песна ќе победи.

Британскиот „Смаркетс“, букмејкер познат по одличното предвидување на резултатите (меѓу другото, претседателските избори), предвидува дека победник на Евровизија оваа година ќе биде пејачката Дестини од Малта, на која ѝ се дава 17 отсто шанси.

Победа за Малтежанката предвидуваат и други обложувалници, а Дестини е фаворит уште откако беше објавена нејзината песна „Je Me Casse“.

Малта оваа година ќе биде претставена од малтешки-нигериската пејачка Дестини Чукунјер, која има само 18 години. Дестини песната ќе ја изведува на англиски јазик, а во некои кратки делови ќе пее на француски сленг.

Дестини веќе еднаш победи на Евровизија, но на детската, во 2015 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.