Охрид има разновидна фестивалска понуда овој продолжен празничен викенд.

„Охрид колинг“ од синоќа на сцената носи вкупно 13 музичари, главно диџеи, кои настапуват во охридската касарна. Претходно попладнето фестивалот беше најавен со голем натпис кој со авион го надлета градот, а глетката ги воодушеви многубројните туристи кои попладнето го минуваа на плажите крај Охридското езеро. 

Дел од учесниците се најавуваат како големи хитмејкери и некои од најактуелни имиња на светската денс сцена, како австралиското женско дуо „Нерво“, „Винаи“, Регард, „Офенбах“, „Диџејс фром Марс“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.