„Тајфата“ и Димитар Андоновски снимија нова песна, нумера која ќе се најде на нивниот прв албум, кој треба да биде промовирам многу наскоро. Новото „чедо“ на момците се вика „Не си моја“, а како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски.

Видеоспотот е интересна љубовна приказна, во која освен Диме, Аце, Влатко и Чирта, се појавуваат уште 10 преубави девојки.

Мислиме дека доста нè чекаше публиката да извадиме нова песна. Лазар и Ена направија уште една одлична тема за која убедени сме дека ќе им се допадне на сите што слушаат добра музика. Инаку спотот се снимаше на неколку различни локации во Скопје, а Дарио Јанковиќ си ја заврши маестрално својата задача, велат од бендот.

Инаку Тајфата и Димитар не застануваат тука. Тие буквално глава не можат да кренат од настапите кои ги имаат ширум државата, но сепак ветуваат дека во иднина ќе бидат повеќе активни кога станува збор за авторска музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.