Три години по издавањето на последниот албум „Извор“, Каролина Гочева го најавува својот нов албум, на кој изминатите две години работела заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

Албумот е составен од преработки на најубавите македонски евергрини, песни кои не биле многу изведувани низ годиниве, музика од 60ти, 70ти, дури и песна која Димитар Масевски ја напишал ‘57 година.

Како најава за новиот албум, вчера беше објавена „Идила“ , дело е потпишано од композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато. За пијаното и аражманот е задолжен Дуке Бојаџиев, додека за кларинетот Исмаил Лумановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.