Со новиот сингл „Reminder“, македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.

Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон. Ова издание под етикетата на „Филтер лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски, што ќе бидат објавени во текот на следните месеци. „Reminder“ наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.