Mладиот пејач Даниел Крстески, кого досега македонската публика немала многу прилика да го слушне и види, e еден од тие нови изведувачи кои планираат сериозно да се посветат на творење и продуцирање македонска музика во иднина.

По тој повод тој денес ја промовира неговата нова песна која носи наслов „Сто една“, нумера со позитивен ритам и одличен текст, зад кои како автор се потпишува токму Даниел.

За потребите на песната е снимен и видеоспот.

Оваа песна е мое прво дело каде се потпишувам како автор и на аранжманот покрај Борјан Кралески. Се надевам дека ќе помине овиј стил кај публиката бидејќи е поразличен од досегашните мои проекти. На спотот работевме во „LinaraProduction“ и дечките завршија одлична работа. Инаку веќе работиме на две нови песни кои треба да бидат објавени до крајот на оваа година, вели Крстески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.