МРТ и Македонското врши директен пренос од јуниорскиот Евросонг во Париз, в недела (19 декември), во 16 часот.

Кристина, Анастасија, Миха и Филип, тинејџерите од популарната телевизиска серија „Дајте музика“ на МРТ, ќе ја претставуваат Македонија со песната „Green forces“ . Деновиве веќе ја имаа првата проба на евровизиската сцена, а реакциите за песната, чии автори се Роберт Билбилов, кој ја напиша музиката, и Робин Зимбаков, кој го напиша текстот, се одлични.

Ќе се натпреваруваат изведувачи од 19 земји, а нашите „Дајте музика“ настапуваат претпоследни. Победникот и оваа година, како и претходните, ќе го изберат публиката и стручното жири.

На изборот можеме да гласаме за нашиот претставник на веб-платформаte JuniorEurovision.tv по завршувањето на шоуто.

Следете во живо на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.