UKF, музичкиот медиумски гигант и глобален „бејс“ бренд број 1, на овогодишниот EXIT фестивал ќе прослави 10 години неуморна работа на светската сцена! За оваа исклучителна прилика лично се одзваа најпопуларните драм-енд-бејс продуценти Chase & Status, кои прв пат на овие простори го носат својот live настап RTRN II JUNGLE, именуван по истоимениот албум најавен дека ќе биде објавен месецов, со кој одбележуваат петнаесет години беспрекорна кариера! Ним на главната бина на Exit ќе им се придружат и Kabaka Pyramid, Brockie & Det, а целиот настап ќе биде посветен на неодамна починатиот фронтмен на групат The Prodigy, Keith Flint! Дран-енд-бејс легендите своевремено Pharrell Williams ги нарече „највозбудливите британски продуценти“, додека Rihanna смета дека се „’рбетот“ на нејзиниот познат албум „Rated R“, а меѓу нивните фанови се запишаа во низа и Jay Z, Snoop Dogg, како и Andy C и Pendulum. На главната бина својот специфичен звук и вонсериски талент ќе го донесе и Dub FX, кој единствениот пристап кон музиката и нумерите „Love Someone“, „Flow“, „So Are You“ и „Love Me Or Not“ го лансираа меѓу најпочитуваните независни музички ѕвезди на денешницата. По повод гостувањето за десетгодишнината на обожуваниот UKF колектив, чии верни фанови секоја година со нетрпение ги очекуваат нивните артисти во програмата на Exit, од оваа година покрената е и нова бина, X-Bass Pit, која ќе биде во целост посветена на бејс музиката! Во програмата на новиот епицентар за провод на љубителите на овој жанр веќе се запишаа: едно од највозбудливите нови лица на британската бејс сцена 1991, талентираниот DJ тандем Technimatic, енергетичниот Turno и сѐ попопуларниот руски д’н’б тандем Gydra, покрај регионалната и домашната екипа која брои повеќе од десетина исклучително актулени имиња!

Великаните на современата драм-енд-бејс музика Chase & Status на музичката сцена ѝ подарија химни како „End Credits“, „Blind Faith“, „Pieces“, „Lost & Not Found“ и многу други кои ја зацврстија нивната музичка репутација. Новиот албум „RTRN II Jungle“, најавен за кон крајот на овој месец, ќе изобилува со автентичен и сиров џангл звук , а првиот сингл од ова издание „Program“ на кој гостува Irah, за неполни месец дена собра повеќе од половина милион „Јутјуб“ прегледувања!

Свој печат во д’н’б сцената остави и симболот на независната музика Benjamin Stanford, ширум светот познат како Dub FX, создавајќи музика во живо, само со помош на својот глас, „еф-икс“ педала и „луп“ машина. Од скромниот план да патува низ светот со комбе и да биде уличен музичар, стигна до главните бини на најголемите светски фестивали, повеќе од 150 милиони „Јутјуб“ прегледи и стотици илјади фанови, а сето тоа благодарение на својот талент за фузија на џез, хип-хоп, дран-енд-бејс и дабстеп влијанија.

На Тврдината од сега ќе одекнува и новата X-Bass Pit бина која, покрај главната бина, ќе биде место за аџилак за сите љубители на бејс звукот. Имено, под закрила на UKF платформата, EXIT фестивал ќе го посети 1991 како DJ и продуцент кој „Би би си“ радиото го одвои како важно име на новото бејс движење и кого го поддржаа и Skrillex, Andy C, Pendulum Netsky, па и Chase & Status! За богат, емотивен и мелодичен д’н’б ќе биде задолжено лондонскот дуо Technimatic чиј албум-првенец „Desire Paths“ докажаниот „Миксмаг“ го вброи во 10 најдобри денс албуми за 2014-та година, додека тврдината ќе ја посети и жестокиот Turno кој за кратко време го зациментира својот статус на неизбежно име на електронската музика. Чест да се најдат на многу „Битпорт“ д’н’б топ листи и да добијат поддршка од имиња како Noisia и Black Sun Empire, имаа руските бејс мајстори Gydra кои исто така пристигнуваат на X-Bass Pit. За силна домашна и регионална поддршка на новата бина ќе бидат задолжени Splash Heads, DJ Euphorics & Edge MC, Missin, Fa110ut, Drop Sensei, Nemy, Baboon, Codex, Nobru, Minimalist, Arxiva, Bass Fighters, Xena, Synchronicity, Bane, Friski, Al Cape, Dark Dizkobar, Don Dada MC, Bo Jah MC, Green, RTC, Critical Bass, XOX, C Critz и други.

Купи 4, зграби 5: во тек е популарната EXIT акција „4+1“!

Во тек е популарната „4+1“ акција, во која друштвото кое заеднички ќе купи четири влезници за EXIT фестивал, петтата ја добива на подарок, а ќе трае додека не се распродаде многу ограничениот број на влезници за оваа акција. Четиридневните EXIT влезници во моментов чинат 3850 ДЕН., што е високи 45% заштеда во однос на финалната цена! Влезниците за EXIT можат да се набават преку официјалната страница exitfest.org и официјалниот тикет-сервис за EXIT во Македонија – www.mktickets.mk . На сајтот на официјалната туристичка агенција exittrip.org, достапни се и туристички пакети кои покрај влезница, содржат и разни опции за сместување и превоз.

Продажбата на поединечните влезници за вториот, третиот и четвртиот ден на EXIT фестивал почнува во петок, 17-ти мај, кога на сите продажни места на EXIT фестивал, како и онлајн, ќе бидат достапни билетите со дури 35% попуст од само 1550 ДЕН. Влезниците за првиот фестивалски ден, 4-ти јули, кога настапуваат The Cure, веќе се во продажба по цена од 1800 ДЕН. за партер и 3580 ДЕН. За ФАН ПИТ, додека цената за ГОЛД ВИП дневните влезници за 4-ти јули е 6515 ДЕН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.