Марко Маринковиќ – Слаткаристика има нова песна, која од неговата продукција ја најавуваат како „првата македонско-грчка музичка сорабтка“.

Слаткаристика направи песна со Грци и со тоа покажа и докажа дека музиката е секогаш над политиката, велат од „Иноватива груп“.

Песната „Марија“ Слаткаристика ја изведува заедно со грчките артисти Мосел и Слоган и може да се чуе на Јутјуб каналот на „Facing the sun”.

Музиката е не Слаткаристика и Мосел, текстот на Слаткаристика, Мосел и Слоган, а на аранжманот на песната работеа Иван Јованов-Ивајо и Брет Битс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.