Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ на 11 мај би го прославил својот 68. роденден, а неговиот син Алекса испрати емотивна порака.

Како што рековте, животот започнува со една свеќа на торта и завршува со една свеќа без торта. Животот е таа линија помеѓу некои важни броеви и драми, а вечноста е оние три точки што малку луѓе ги пишуваат … Меѓу другото, ти ги напиша одамна. Само да те потсетам на твојот роденден, напиша Алекса.

Балашевиќ почина на 19 февруари, на 67-годишна возраст, од пневмонија.

Зад себе ги остави сопругата Оливер, ќерките Јована и Јелена и синот Алекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.