Дочекот на Новата 2019 година во Битола ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ со програма која започнува 21 часот. Како што информираат од Општина Битола, битолчани ќе прославуваат со програмата насловена „Кафана Широк Сокак“ во која ќе учествуваат групата „Боеми“, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска – Илиевски. Претходно свој настап ќе имаат диџеј Христијан Ѓаковски, „Силви бенд“ и Сефедин Бајрамов.

Пред нив ќе има детска програма.

Организирана програма ќе има и во недела на пладне на 30 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.