Александар Тарабунов вчеравечер ја објави „Празен град“, уште една во низата одлични песни кои музичарот ги создава за својата публика.

Првите реакции за „Празен град“ се одлични. Композицијата наиде на позитивни коментари, а особено пофалби добива и видеоспотот, на кој и овојпат како режисер се потпишува добро познатиот Зоран Зонде Стојановски.

Музиката, аранжманот и мастерот ги направи токму Александар, додека пак режисерот Зонде овојпат ја имаше улогата и на текстописец.

Верувам дека ќе се допадне на публиката, бидејќи се што гледате и слушате во оваа нова песна е работено со многу љубов, а публиката тоа го препознава и го почитува. Јас сум задоволен од реакциите на луѓето кога првпат ја слушнаа, еве ќе ви откријам дека песната многу му се допаѓа на Игор Џамбазов, вели дека има светски звук, ни изјави познатиот пејач и музичар Александар Тарабунов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.