Прогресивниот скопски летен фестивал се вгнезди во паркот на МКЦ каде за 27 август се најавува 12 часовно забавување со најновото од алтернативната музичка сцена!Будно ја следиме целата ситуација со коронавирусот, но оптимизмот за јубилејниот Здраво Млади преовладува, велат од МКЦ.

За ова десетто јубилејно издание на фестивалот досега се најавени: данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar со своите ретро-филмски бас линии, електронски ритмови, расклопени вокали, флертувачки гитари и внимателно ископани примероци од наследството на Анадолија, бендот евоцира идна носталгија. Третиот најавен бенд се неверојатните Viagra Boys од Шведска! Цврсти на површината, а меки во центарот. Шест-члена панк-рок група со сценска персона како отворен канал за изразување на чувства.

Денес ви ги претставуваме Shopping – британско пост-панк трио формирано во 2012 година, составено од Rachel Aggs, Billy Easter и Andrew Milk. Бендот прави минималистичка диско-панк музика инспирирана од ESG, Gang of Four, Slits and Au Pairs…, соопштија организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.