Лурдес Леон (25), ќерката на славната пејачка Мадона, тврди дека нејзината мајка е „контрол фрик“ и дека и го контролира „целиот живот“.

Мојата мајка цел живот ме контролира. Морав да станам во целост независна штом завршив средно училиште – рекла Лурдес и додала дека независноста ја стекнала откако почнала сама да си го плаќа факултетот и станот.

Имам чувство дека мојата мајка ги видела останатите деца на познатите и славните, па одлучила нејзините деца да не бидат такви – ја објаснила Лурдес филозофијата на Мадона за магазинот „Interview Magazine“.

Таа истакнала дека ако родителите ги плаќаат животните потреби и останатите работи за своите деца, тоа им дава поголем впечаток за нив. Лурдес рекла дека нејзината мајка ја натерала да „расте“ во својата манекенска кариера, но и генерално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.