Многу се потресов кога слушнав. Нема зборови. Постојат смрти кои се апсурдни и не можеш да се помириш со нив. Се чувствувам исто како кога умре Арсен, вели за Нова.рс актерот Раде Шербеџија за смртта на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ. 

Беше велик, величествен поет. Божествен поет, кој не само што ги пееше своите песни туку пишуваше и поезија и проза. Беше мудрец. И згора на се – беше голем човек. Храбар кога требаше да биде храбар. Ѝ рече не на војната. Му рече НЕ на насилството и на ова треба да му се оддаде признание и чест, коментира славниот актер, кој во првиот авторски филм на Балашевиќ „Као рани мраз“. го игра Васил Ладачки.

Пред неколку години Шербеџија го нарече Балашевиќ „фантастично момче“.

Тој е само едно чудо. Едно од најголемите емотивни чуда во оваа земја, кое го обожавам, зборуваше Шербеџија за Балашевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.