Во МКЦ бифе утре (петок, 3 март) од 20 часот ќе гостува „Senzar“, блек-метал бенд од Даблин, Ирска.

„Имаат мини турнеја на која покрај Скопје се и Софија и Букурешт. Во Букурешт свират на ‘Bucharest DeathFest’ како директна поддршка на ‘Vomitory’. Бенд кој дефинитивно не треба да се пропушти“, соопштуваат организаторите „Terravoid“.

Како локална поддршка на настанот се „Ambroz“, најавени како врвот на копјето на македонскиот блек метал и воедно бенд со скоро ветерански статус кај нас.

Исто така, ќе настапуваат и „Inner hate“ од Кичево, кои се формирани 2017-та година и свират мрсен и дрзок дет/треш метал.

„Последниве години се прилично активни низ државата и се дефинитивно ‘а must see’“, стои во најавата.

Картите по цена од 300 денари се продажба на билетарницата на МКЦ и на следниот линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.