Гитаристот на рок групата „Рибља чорба“, Миша Алексиќ(67) заразен е со корона вирусот и од 13 ноември се наоѓа на лекување во КБЦ Бежаниска коса. Состојбата на Миша е влошена и веќе три дена е приклучен на респиратор.

Неговата ќерка Мина Алексиќ, објави емотивен статус на Фејсбук, истакувајќи дека секој час е борба за неговиот живот.

Мојот Миша е заболен со корона и на респиратор е веќе трети ден. Секој час е негова борба за живот, како и моја и на мајка ми за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат дека е лав и борец. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат како мајстор на рокот, овие денови да бидат со нас и со него и да веруваат дека ќе ја победиме короната. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седевме на ручек со семејството и се смеевеме кажувајќи како не сакаме да носиме маски и расправавме каде ќе одиме на забава или ручек. Јас сега останав со двата родители во болница. Преплашена сум, ама храбро верувам во среќа и во добра енерегија. Ве молам, поради Миша да пратиме најсилна енергија во универзумот  и што побрзо на сцена да биде со гитара – напишала Мина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.