Гитарата на која Курт Кобејн свиреше на легендарниот акустичен концерт на „Нирвана“ во Њујорк ќе се продава на аукција. Концертот од серијата „Ем-Ти-Ви анплагд“ се одржа во ноември 1993 година, само пет месеци пред Кобејн да изврши самоубиство.

Се очекува почетната цена да биде еден милион долари.

Гитарата „мартин Д-18Е“ од 1959 година ќе биде меѓу највредните експонати што ќе бидат понудени на аукцијата во Беверли Хилс во јуни.

Гитарата ќе се продава заедно со оригиналниот куфер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.