Елена Ристеска посвети време на социјалните мрежи да објави колку се гордее со својата сестра, Драгица, за која честопати вели дека и е најголема поддршка.

фотографија на нејзината сестра се најде на изложба во Србија, а Елена не пропушти да го пофали успехот.

Слика на сеcтра ми како дел од изложбата наречена „Рефлексија“ во Белград, Србија. Се’ повеќе се гордеам со тебе, сис .. те сакам – порача Eлена.

Сестрата на Елена е ликовен уметник, а пред неколку години ја одржа својата самостојна изложба.

Ристеска во една прилика истакна дека и таа како нејзината сестра имала амбиции да продолжи на Ликовна академија.

Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби – изјави во тоа врме Елена за еден од македонските портали.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.