Оперските пејачи Ана и Игор Дурловски после 20 години активна кариера ја основаа Академија Дурловски за да го пренесат своето знаење и искуство кои и да им помогнат на учениците правилно да ја совладаат вокалната техника и да ги подобрат нивните вокални способности.

Во Академијата за вокална уметност Дурловски ќе можете да се запознаете со импостација на гласот, техники на дишење, вокална анатомија, поправање на погрешно поставен глас, аномалии во пеењето, подготовка за аудиции, испити, натпревари, концерти и претстави. Доколку сте заинтересирани за изучување на вокалната уметност и да бидете чекор поблиску до Вашата цел, Ве очекуваме да го споделиме знаењето и искуството стекнато на светските сцени, велат од Академијата дурловски.

Таа ќе започне со работа на 1 октомври 2019, а просторот е лоциран на вториот кат во Ристиќева Палата на Плоштад Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.