Музичката ѕвезда Мерима Његомир во ноември 2021 година, на 69-годишна возраст го загуби животот поради рак на панкреасот.

Љубица Његомир, најстарата ќерка на Мерима, за „Стори“ раскажува што сè се случувало од април минатата година, кога нејзината мајка почнала да чувствува неподносливи болки во стомакот, поради кои не можела да јаде. Мерима самоиницијативно, без консултација со лекар отишла на магнетна резонанца и дознала дека има рак.

Беше шокирана, не можеше да поверува. Стомакот почна многу да ја боли во април, отиде кај докторот кој ја лекуваше од хеликобактер пилори, што го фати откако прележа коронавирус. Направи ултразвук, сè изгледаше добро. Неколку пати побарала од докторот да ѝ даде упут за магнетна резонанца бидејќи „чудно“ ја боли стомакот. Беше многу интуитивна, ми рече дека се плаши дека тоа е панкреасот. Но, мислевме дека докторите, кои сметаа дека нема потреба да прават магнетна резонанца, најдобро знаат. Кога болките станааа толку силни што не можеше да јаде, сама отиде да направи магнетна резонанца без консултација со лекар и тогаш ја доби дијагнозата, раскажува таа.

Тогаш почна ролеркостерот во кој ни ние ни таа не знаевме што да правиме од премногу различни информации, вели Љубица.

По дијагнозата, сите лекари ѝ предвидуваа брз крај, бидејќи доцна беше добиена дијагнозата. Беа песимисти. Ние, пак, мислевме дека ќе може да се избори. Пробавме сè. Се чувствуваше многу лошо за време на втората хемотерапија, кога сè се влоши, а фати и бактерија поради која доби сепса. Некои лекари рекоа дека таа бактерија е во склад со болеста, но таа ја фати во болница. На крајот поради бактеријата фати сепса и поради тоа почина, наведува Љубица.

Таа е бесна, бидејќи смета дека ракот требаше да се открие порано, а не да ја лечат само од хеликобактер.

Велат дека ракот на панкреасот почнува да боли дури кога е целосно развиен. Факт е дека пет месеци одеше на лекар секој ден барајќи решение за болките кои ги имаше. Ова беше првпат толку да се посвети на својата болка, претходно никогаш не одеше на лекар ако нешто ја боли. Се лекуваше кај еминентен лекар од Белград. Му верваше, ама тој или не знаел или не видел. Имаше пет различни дијагнози дури не го открија ракот, вели таа.

Мерима последните денови ги поминала во болница.

Прво во една, од каде практично ја киднапиравме, за да ја однесиме во друга. Мораше да оди во болница бидејќи крена висока температура поради сепсата, додаде таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.