Попладнево во Земун загина познатиот српски рапер Далибор Андонов – Гру. Тој веше љубител на ектремните водени спортови, особено на кајтинг, комбинација на сурфање и параглајдеризам врз површината на водата.

Гру го поминал целото лето спортувајќи во Дунав и бил доста искусен спортист.

Како што очевидец раскажува за српски „Курир“, денешната несреќа се случила многу брзо. Силниот ветер го изненадил раперот и буквално неколку пати го кренал во воздух и го потопил во вода.

Пет пати во 20 секунди ветрот го крена, па го давеше во вода. Не стигна да се одврзе, готов беше уште тогаш, раскажува сведокот додавајќи дека раперот бил одличен возач.

Телото на раперот беше извлечено од водата од страна на неговите пријатели. Тие со часови го чувале додека траел полицискиот увид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.