Откако пред скоро 10 години се распаднаа, една од најпознатите женски групи повторно се собра. Првиот повратнички настап веќе го имаа во емисијата.

Првиот настап како што кажавме, го имаа во познатата емисија, во која Никол Шерзингер (41) е член на жирито. Девојките биле многу возбудени, а Шерзингер најавила дека ова е само почеток.

 Беше прекрасно што повторно настапувавме заедно. Енергијата од публиката беше неверојатна и ни даде мотив да одиме понатаму – рекла Никол.

Шерзинге по 10 години на сцената се врати со Кимберли Вајат (37), Ешли Робертс (38), Кармит Бачар (45) и Џесика Суто (37).

Каква енегија! Чиста магија! Како да не поминало времето. Неверојатно е повторно да се биде на бината со овие девојки и тоа на врвно ниво – изјавила Кармит.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.