Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го правеа “Копито“  на толку специфичен начин, што никој не знае каков ќе биде видео спотот кога ќе излезе. Песната е е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс, за проектот  Femme Fatale.

Тотално забавно, интересно и необично искуство. Мислам дека беше така за сите и дека ќе го паметиме ова снимање. Имаше паѓање, судири и слични незгоди… премногу се смеев, на моменти дури и не можев да се фокусирам на мојата улога, од толку смеење вели Сара Мејс.

Во “Копито“ Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Уникатната фотосесијата е на Дарко Мораитов.

Со артист кој може све, ондак не правиш ништо, особено не банални сценарија. Тие ги оставаме за оние у креативен занес. Правиме музика што ни се свиѓа и спотови у кои се забавуваме, а несакајќи све си изгледа cool, смета Александар Ристовски – Принц.

 

Спотот се планира за крај на месецот, но смеењето, според изјавата на Сара Мејс и ентузијазмот на Принц, изгледа дека ќе трае многу подолго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.