Фолкерката Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев. Станува збор за рефрен кој што го потпишуваат Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.

Темата е модерна, летна и сите прогнози се дека ќе прерасне во вистински хит. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне ова што го сработивме заедно со тимот, станува збор за нов звук, нешто што досега кај нас го немало и сигурна сум дека ќе имаме позитивен фидбек, вели Сања која во спотот се појавува во неколку провокативни комбинации, а задолжени за стајлинзите и изгледот беа Викторија Петров Бурсаќ и Даниел Николовски.

Сања вели и дека искрено се надева оти наскоро ќе може да им се врати на настапите и потенцира колку многу и недостасува дружбата со публиката.

Се надевам дека наскоро ќе се врати се во нормала и дека публиката ќе има можност да ја чуе во живо „Барбика кралица“, додаде пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.