Триесет и четвртото издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кое ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври во Штип ќе биде шаренолико и ќе понуди песни од разни музички правци, од класичен шлагер, поп-рефрени, рок-нумери, песни со етнопризвук, романси, електро-поп.

Владимир Дојчиновски, кој годинава вторпат е уметнички директор на „Макфест“ најави дека на фестивалот се враќаат и поранешни победници и реномирани имиња од македонската естрада.

Годинава на фестивалот ќе ги имаме и Росана Сариќ-Тодоровска, Елена Петреска, се враќа и Александар Ристовски-Принц, имаме интересно дуо составено од Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац. На фестивалот ќе настапат и пинковите ѕвезди Мартија Станојковиќ, Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски и Трајче Георгиев, потоа Игор Узунов, Барбара, Виктор Апостоловски, како и тројца штипски изведувачи – рече Дојчиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.