За првпат по осум години легендарниот рок бенд Rolling Stones објави нов сингл.Се работи за песната Living in a Ghost Town, која со својот текст алудира на Ковид-19.

Во песната, во една блуз хармонија, Мик Џегер ги пее стиховите “Life was so beautiful, now we all got locked down / Feel like a ghost, living in a ghost town.”

Сепак бендот во изјава за јавноста рекле дека песната почнале да ја создаваат пред една година во Лос Анџелес, но ја завршиле во време на пандемијата.

Сè уште не се знае кога „Стоунси“ ќе ја продолжат светската турнеја, која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.