Тапанарот на групата „Квин“, Роџер Тејлор изјави дека бендот и понатаму би создавал музика доколку Фреди Меркјури беше жив.

Во интервју за БиБиСи Радио, Тејлор изјави дека цела нова ера на рок музиката би се создала ако фронтменот на групата не почина во ноември 1991 година.

Верувам дека и понатаму би работеле заедно бидејќи тоа беше многу продуктивна соработка. Впрочем, не знам дали во тоа би учествувал Џон Дикон, басистот на бендот, кој се повлече од музичката индустрија во 1997.), но преостанатите тројца членови на бендот сигурно би останале, изјави Тејлор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.