Британските медиуми пишуваат дека Род Стјуарт, познатиот британски пејач неодамна, ја посетил болницата „Принцезата Александра“ во Харлоу, а бидејќи знаел дека листите на чекање за прегледи со магнетна резонанца се долги, решил да го плати прегледот во приватна болница за пациентите и со тоа да им помогне и ним и на болницата.

Пејачот и текстописец (78) изјави дека сака да ги плати прегледите и на други места во Велика Британија, поточно – секаде каде што има преоптоварување на системот.

Минатиот месец, Стјуарт го најави овој потег откако телефонски се „приклучи“ на шоуто на Sky News.

Тој тогаш изјави дека посетил приватна болница поради неговиот здравствен проблем – иако доцнел половина час, вработените му рекле дека нема проблем, бидејќи немало гужва. Тогаш, вели, сфатил дека има огромен јаз меѓу приватните и државните болници.

Ако ова е огромен успех, што мислам дека ќе биде, би сакал да го направам во Белфаст, Даблин, Единбург, Глазгов, Манчестер итн. И се надевам дека ќе ме следат некои други луѓе, изјави хуманиот пејач.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.