Ристо Вртев, вокалистот на „Архангел“ на годинашната „Златна Бубамара за популарноста доби награда за трајни музички вредности. Наградата му ја врачи уште една легенда-актерот Никола Ристановски и во тој момент на сцената беше време за средба на двајца великани.

Вртев е една од најмистичните појави на домашната музичка сцена, пејач на две култни групи, прво „Мизар“, а пота „Архангел“ и инспиратор на уметничкото движење „Македонска стрељба“, домашен антипод на словенечкото „Ное словенише кунст“. Вртев, во придружба на Дамир бенд, пее некои од најголемите хитови во неговата кариера: Милион долари, Везилка и Убер Македонише.

Додека говориме на македонски јазик ќе не има и ќе не биде, рече меѓудругото Вртев при примањето на наградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.