Раперот Кулио, најпознат по хитот Gangsta’s Paradise, почина во средата на 28 септември, на 59-годишна возраст.

Според TMZ, кои меѓу првите ја пренесоа веста, вчера попладне раперот бил на гости кај негов пријател во Лос Анџелес и бил пронајден мртов во тоалетот.

Раперот бил на подот од тоалетот и не давал знаци на живот, а од брзата помош утврдиле дека неговото срце не чука.

Наводно, Кулио бил прогласен за мртов во тоалетот, но за јавноста уште не е позната причината за смртта.

Според изворите на TMZ, во домот на пријателот немало докази дека раперот користел наркотици или лекови и наводно се чекаат резултатите од аутопсијата и другите испитувања за да се утврди точната причина за неговата смрт.

Истовремено, не биле забележани знаци на насилство.

Хитот Gansta’s Paradise, кој до денес е популарен, беше дел од вториот албум на раперот, како и дел од саундтракот за филмот Dangerous Minds, каде што една од главните улоги ѝ припаѓа на Мишел Фајфер.

Актерката беше меѓу првите која искажа сочувство на социјалните мрежи, споделувајќи ја култната песна.

„Ми се скрши срцето кога слушнав за смртта на талентираниот артист Кулио. Живот кој згасна премногу рано.

Како што некои од вас знаете, имав среќа да соработувам со него на Dangerous Minds во 1995 година. Тој освои Греми награда за оваа прекрасна песна – која мислам дека е причината зошто филмот беше толку успешен.

Се сеќавам дека тој беше милостив. 30 години подоцна, уште се ежам кога ја слушам песната. Испраќам љубов до неговото семејство“, стои во описот на Инстаграм објавата.

Хитот на Кулио во 1995 година беше на врвот на топ-листите во САД, Англија, Франција, Ирска, Австралија и Нов Зеланд и беше продаден во над 6 милиони копии ширум светот.

За жал, раперот не го повтори успехот на Gangsta’s Paradise, па иако одржуваше концерти, стана и професионален готвач.

Најверојатно раперот немал проблеми со здравјето, бидејќи последен пат настапуваше на 18-ти септември годинава во Чикаго.

Изминативе неколку месеци тој беше забележуван и на разни локации низ САД, а на фотографиите изгледаше како да е во добра состојба.

Раперот беше во брак еднаш, со Џозефа Салинас, и тоа од 1996 до 2000 година. Тие добија четири деца пред да се разведат.

Раперот има уште шест други деца, но не е познато кои се нивните мајки.

Всушност, малку се знае за неговото семејство бидејќи Кулио отсекогаш пробувал да го скрие од јавноста.

Социјалните мрежи се преплавени со објави и коментари за сочувство:

„Ganststa’s Paradise. Почивај во мир“, напиша Снуп Дог на Инстаграм објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg)

„Ова се тажни вести. Од прва рака видов како овој човек се измачи за да се искачи на врвот на индустријата. Почивај во мир Кулио“, напиша Ice Cube на Твитер.

„Еден од најдобрите луѓе што сум ги познавал. Добар човек. Почивај во мир Кулио“, гласи објавата на раперот MC Hammer.

One of the nicest dudes I’ve known.
Good people. R.I.P. Coolio 🕊 🌹 🕊 pic.twitter.com/yQF9ZonbKA

— MC HAMMER (@MCHammer) September 29, 2022



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.