Американскиот рапер и продуцент „Доктор Дре“ (55) е отпуштен од болница откако се лекувал од аневризма на мозокот.

Адвокат на Дре во саботата соопшти дека хип-хоп sвездата сега е повторно дома, без да даде повеќе детали.

„ТМЗ“ на 5 јануари објави дека Дре бил однесен во Медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес, Калифорнија. Тимот на легендата на рап музиката подоцна издаде соопштение во кое се вели дека Дре – чие вистинско име е Андре Ромел Јанг – е во стабилна состојба.

Благодарам на моето семејство, на пријателите и фанови за за нивниот интерес и желби. Јас добивам одлична нега од мојот медицински тим, напиша раперот на Инстаграм кога беше во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.