Македонската делегација пристигна во Ротердам и веќе започнаа генералните проби и подготовки за новото издание на Евровизија.

Годинешното издание на Избор на песна на евровизија ќе се одржи од 18 до 22 мај.

Нашиот претставник Васил Гарванлиев на социјалните мрежи сподели дека возбуден и благодарен, а во видеото подолу погледнете ја неговата прва проба за евровизискиот настап.

-Задоволен сум како помина првата проба, воодушевени сме од реакциите и пречекот во Ротердам. Арената Ахој вибрира со позитивна енергија и насмевки и покрај сите протоколи за заштита и рестриктивните мерки. Пресреќен сум што конечно сме тука и следните две недели ќе дадеме се од себе да ја претставиме Македонија во најдобро светло. Тимот и јас сме спремни и ќе продолжиме со исто темпо, изјави Гарванлиев денес ексклузивно за „Независен“ по првата проба на евровизиската песна “Here I stand” .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.