Етно-групата „Љубојна“ најави голем акустичен концерт на 12 декември.

Преголема е возбудата кога најавуваш убави нешта, па затоа со огромно задоволство Ви најавуваме дека на 22.12 со почеток од 19:30ч. во Националната Опера и Балет, за прв пат пред македонската јавност, “Љубојна” ќе одржи (unplugged) акустичен концерт!
Ова е вистинска прилика за публиката, во една уникатна атмосфера да ги слушне сите големи хитови на “Љубојна”, велат членовите на групата.

Во моментите кога во медиумскиот етер е актуелен спотот за синглот “Севдо Ле” кој е последното остварување на “Љубојна”, овој настан е уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.