Младата пејачка Андреа Коевска денеска заедно со композиторот и продуцент Александар Масевски и агенцијата „Мелем“ ја претстави својата прва песна насловена „I know“, како и видео записот за неа. Моќниот вокал на Андреа доминира и на првото слушање добивате впечаток дека станува збор за искусен изведувач, а не за 19-годишно девојче кое денеска го претставува своето првенче.

Автор на музиката и продукцијата е Александар Масевски, а од „Мелем“, како што рече Андреа, се „виновни“ за изработката на видео записот.

Андреа Коевска е извонреден вокал кој за прв пат се претставува пред македонската публика. Студира на Музичката академија и има 19 години. На денешната промоција нејзините пријатели кои присуствуваа во огромен број не ги штедеа солзите радосници и убавите зборови за успехот на Андреа. Таа се заблагодари на семејството, професорите од средното училиште кои ја поддржувале во работата и кои и денеска беа на промоцијата на нејзината прва песна.

Видеото може да го погледнете овде:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.