Вилата на Дарко Лазиќ во Брестач изградена е на место каде некогаш одамна била куќата на неговата прабаба која наводно се занимавала со црна магија. Мештаните се плашат дека Дарко сега плаќа за работите кои во минатото ги правела неговата прабаба.
Вистина е дека прабабата на Дарко се занимавала со магија. Таа била видовита, имала посебна дарба и сите трчале кај неа да им ја прорече судбината – велат соседите на Дарко од Брестач.
Прабаба му знаела да прави абортуси, а имала и бунар крај старата куќа во која живееела, па се зборува дека се што правела го фрлала во бунарот. Сите постари луѓе од селото се уште се сеќаваат на прабабата на Дарко и се што правела, поради што се престрашиле кога чуле дека Дарко ќе прави куќа на тоа место.
Како што кажуваат, прабабата на Дарко гледала во дланка, симнувала црна магија, ама и правела црна магија. Пред Дарко да ја прави куќата, довела свештеник да го освети плацот, а бунарот е одамна затрупан, ама сите се плашат дека магијата се уште живее. Наводно поради тоа Дарко ги окајува гревовите од минатато.
Еден видовит човек му рекол на Дарко дека животот ќе му биде пекол ако почна да живее таму. На Дарко после несреќата му е јасно дека работата не е чиста. Фолкерот наводно планирал да консултира свештеник и уште еднаш да му очита молитва на прагот на неговата куќа, но и да посетат свештеник кој би ги постоветувал што да прават.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.