Новата песна “Љубoвта трае“ која Мерима Његомир ја снимила со групата “Легенде“ објавена е на 19. ноември на Јутјуб каналот “РТС Забава – Официјален канал“

– Многу не радува оваа соработка, и со големо внимание се договаравме бидејќи Мерима е докажана музичка легенда и голем познавач. Верувам дека на публиката песната “Љубовта трае“ ќе и се допадне, онолку колку и на нас, како искусни музичари – рекол по повод дуетот Даша.

– Оваа балада се одвојува од секојдневните изведувања – Мерима Његомир, инаку мецосопран, композицијата ја отпеала можеби прв пат во кариерата, гласовно пониско, во алт. Ја прифати таа моја идеа во дует со нашиот пејач, Никола Зекиќ, добивме исклучиво вокален спој – рекол за сајтот на РТС, фронтменот на групата “Легенде“.

Фронтменот на “Легенде“ открил дека песната “Љубовта трае“ е објавена е на 20. ноември на Јутјуб каналот по желба на ќерката на Мерима.

– Песмата “Љубовта трае“ е круна на нашето пријателство и објавена е по желба на ќерката на Марина. Песмата ја снимивме уште летото и чекавме да се сними спот пред да се објави, меѓутоа еден месец подоцна после снимањето Мерима за жал добила рак. Таа ме замоли сепак да снимиме спот, рече: “Ма ќе застанам јас на нозе, таман снимањето ќе ми дојде како релаксација од сето ова“.

Со нас на РТС ја отпеа “Љубовта трае“ како изненадување и поради тоа ја ставивме таа снимка на Јутјуб во договор со ќерката на Мерима – раскажал Зоран Дашиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.