Посебен режим на сообраќајот ќе биде воведен попладне поради концертот на српскиот пејач Здравко Чолиќ кој ќе се одржи вечерва на стадионот „Тодор Проески“ со почеток од 21 часот.

Како што информираат од МВР, посебен режим ќе биде воведен во периодот од 18 до 23 часот.

Истиот ќе се состои од периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот Илинден, улицата Аминта Трети и улицата Наум Наумовски Борче.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.