Почна втората фаза гласање за MAC! Од преку 600 номинации останаа 120, и распоредени се во 18 категории. Секој гласач има право на нови 10 бесплатни онлајн гласа на страницата на MAC https://musicawardsceremony.com/index.php?page=glasanje, а воведено е и гласање преку апликацијата KeepApp. Со симната бесплатна апликација KeepApp, гласачите добиваат можност за дополнителни гласови.

Во првата фаза од гласањето пристигнаа повеќе од милион и пол гласови од сите краеви на светот, а тие гласови одлучија кои 15 номинации од секоја категорија продолжуваат да се натпреваруваат во втората фаза од гласањето за MAC признанијата. На денот на манифестацијата 27 јануари, во трката ќе останат по 5 номинации од секоја категорија.

Во вториот круг гласање воведена е и нова категорија, Јутјуб ѕвезда, а станува збор за млади изведувачи до 21 година, кои ги номинирале фановите на MAC преку социјалните мрежи. Јутјуб ѕвездата која ќе освои најмногу гласови, исто така, ќе биде наградена со MAC признание.

Освен доделувањето на признанијата на тричасовната церемонија ќе настапат и најголемите регионални музички ѕвезди: Јелена Розга, Сенидах, Лепа Брена, С.А.Р.С., Тончи Хуљиќ, Невена Божовиќ, Калиопи, Балканополис, Буба и Џала, Сара Јо, Мањифико, Who See, а најавен е и специјален настап на 11 хип-хоп и поп музичари со актерот Виктор Савиќ, чии детали организаторите од Скајмјузик засега не ги откриваат.

Влезниците за MAC може да се набават на tickets.rs, а дел од приходите организаторите ќе ги пренасочат кон УНИЦЕФ во хуманитарни цели, за програмите за полова рамноправност.

Свеченото доделување на наградите на MAC 2020 ќе трае околу 3 часа, а церемонијата ќе ја пренесуваат најгледаните телевизии во сите земји учеснички. Гледачите од Србија ќе можат да ја следат манифестацијата на програмата на ТВ Пинк, во Хрватска на ТВ РТЛ, емитер во Црна Гора е РТЦГ, во Македонија Канал 5, во Босна и Херцеговина РТРС и ФТВ, а во Словенија ТВ3.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.